Мадар жали што го напушти Партизан

Познатиот израелски тренер Пини Гершон, по победата над Баерн Минхен, зборуваше за повеќе теми, а се допре и до темата со Мадар и Партизан.

Како што е познато, Мадар изненадувачки го напушти Партизан на еден доста необичен начин, па околу тоа постоеа многу верзии околу тоа кој е крив, а кој исправен.

Но сега споменатиот тренер, кој со „Гордоста на Израел“, ја освојуваше Евролигата во 2004 и 2005 година, се осврна на трансферот на Мадар од Партизан во Турција минатата сезона.

– Не знам какви опции имаше, но мислам дека сега жали што го напушти Партизан. Фенербахче беше полн со ѕвезди, против кои тој немаше шанси, не сметаа на него, тоа е разбирливо, бидејки имаа високи амбиции. Но, доколку не играш и за Баерн Минхен, не знам колку долго можеш да издржиш горе на едно високо ниво, порача Гершон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО