Анчелоти: Веројатно не заслуживме да победиме

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше по победата на неговиот тим над Реал Сосиедад од 2:0 во натпреварот од 5. коло од шпанската Ла Лига. Тоа беше прва победа на шампионите како гости и за прв пат во сезоната Мадрид победи во втор последователен меч.

-Натпреварот испадна тежок, веројатно не заслуживме ниту да победиме бидејќи Сосиедад одигра многу добро. Моравме да се жртвуваме во тешки времиња и го ценам тоа. Слабо го започнавме натпреварот, противниците одлично притискаа на нашата половина, но секогаш успевавме да најдеме слободен играч. Не сме 100% подготвени, но индивидуално играчите значително се подобруваат. Јас сум многу задоволен, но само од резултатот. Критиките за играта ќе дојдат подоцна, сега се важни трите бода, изјави Анчелоти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО