Перез да седеше во ВАР-собата немаше да се судат толку пенали за Реал Мадрид

Шпанските јавност објави илјадници коментари на социјалните мрежи поврзани со Реал Мадрид и пеналите што се судат за овој тим, по триумфот на гостувањето кај Реал Сосиедад со два гола по удари од белата точка.

Аналитичарите, пак, велат дека „кралевите“ се убедливо најзаштитениот клуб од судиите во Ла Лига, тврдење кое го поткрепуваат со информацијата дека за актуелниот шампион се досудени четири пенали во последните три меча од шпанската елита.

Сите беа решавачки за освојување на бодови – прво за избегнување пораз од Лас Палмас, а потоа и за победи против Бетис и Реал Сосиедад.

– Флорентино Перез да седеше во ВАР-собата немаше да се судат толку пенали за Реал Мадрид, беше еден од интересните коментари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО