ГРК Тиквеш ќе брка минус четири за второ коло во ЕХФ Европскиот куп

Денеска во првиот натпревар од првото коло во ЕХФ Европскиот куп, ракометарите на Тиквеш на гости загубија од грчката Драма со 31:27.
После првото полувреме Тиквеш имаше само еден „минус негатива“ (14:13).

Во првите 30 минута Тиквеш водеше егал меч, неколку пати го израмнуваше резултатот, така беше и на стартот од вториот дел.

При водство на Драма од 22:20, домашниот состав успеа да направи серија од 5:0, за „плус седум“ на семафорот. Возврати гостинот со низа од четири погодоци за 27:24 и така ги одржа своите шанси во овој двомеч за настап во следното коло.

Мартин Димовски беше најефикасен со шест голови, следен од Мартин Манасков со пет, а по четири запишаа Срѓан Мијатовиќ и Дарио Кофилоски.

На спротивната страна кај домаќините Николаис Критикос и Адам Пападопулос имаа по седум погодоци, а шест забележа Константинос Коционис.

Македонскиот претставник ќе се обиде на реваншот во салата „Јасмин“ во Кавадарци на 22 септември од 19.00 часот да обезбеди пласман во следната фаза. Инаку, ГРК Тиквеш доби вајлд карта за настап во ова натпреварување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО