Спектакуларен Меморијален меч во чест на легендарнот Дражен Петровиќ

„Екипата Дражен“ составена од кошаркарски ѕвезди од Евролигата ја совлада репрезентацијата на Хрватска со 110:107 во „арената Загреб“, во Меморијалниот натпревар во чест на Дражен Петровиќ.

Арената беше исполнета до последното столче (16.500 места), а мечот се играше во камерна атмосфера, додека резултатот беше во втор план.

Во преден план беше споменот на Дражен Петровиќ кој е роден пред 60 години. Во Арената пристигнаа многубројни ѕвезди и легенди од кошаркарскиот свет. Лука Дончиќ меѓу првите ги поздрави гледачите, а потоа Дарио Шариќ и Бојан Богдановиќ, кои не настапија за хрватската репрезентација.

Натпреварот беше подготвен така што во паузите организаторите потсетуваа на периоди од животот на Дражен Петровиќ. Од Шибенка, преку Цибона и Реал Мадрид, па се до НБА лигата и среброто со хрватската репрезентација на Олимписките игри (ОИ) во Барселона 1992-та.

За Дражен на паузите зборуваа неговите поранешни соиграчи, Владе Дивац, Кени Андерсон, Тери Портер, Предраг Шариќ и многу други. Посебно трогателен момент беше кога холограмот на Дражен создаден со помош на вештачка интелигенција се појави пред публиката.

Холограмот и се обрати на публиката со неколку зборови, а потоа исчезна. Некои од гостите пуштија и солзи. Целиот спектакл заврши со песната „Живот лети, капетане“, во изведба на клапата Себенико.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО