Тренерите во Шпанија се заканија со штрајк

Шпанската фудбалска Ла лига важи за една од најсилните во Европа. Но во тоа натпреварување има и одредени пропусти.

Природно е клуб да отпушти тренер поради лоши резултати или самиот стратег дасе реши на таков чин, но клубовите подоцна избегнуваат да им ги платат побарувањата што ги имаат кон нив.

Токму затоа тренерите во таа земја најавија штрајк барајќи клубовите да не смеат да ангажираат нови тренери се’ додека не ги подмират обврските кон нивните претходници.

На пример, Барселона се’ уште му должи пати на Кике Сетиен, иако споменатиот стручњак веќе четири години не работи во клубот.

На тој состанок, меѓу 40-на тренери, присуствувале и Карло Анчелоти од Реал, Ханси Флик од Барса и Диего Симеоне од Атлетико.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО