Тањга до Пикси: „Сите се виновни освен суетниот, арогантен, преплатен и непрофесионален селектор“!

Пред почетокот на Лигата на нации (ЛН), Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) направи големи промени. Откази им беа врачени на генералниот секретар, Јован Шурбатовиќ и на спортскиот директор, Мирослав Тањга.

Во врска со тоа, со соопштение со јавноста се обрати Тањга кој најмногу го критикуваше селекторот, Драган Стојковиќ Пикси.

„Принуден сум да реагирам и да ја потсетам јавноста дека резултатите постигнати во Германија беше погубни. Тој неуспех не може да се брани со уцени, туку со превземање лична одговорност, без разлика на големината на договорот на селекторите и на неговите соработници и директори.

Суетата, недоличноста и недоволната самокритика на преплатените „стручњаци“ доведоа до тоа нашата најдобра селекција за кратко време да се преполови. Играчите беа и останаа жртви на неговата неспособност и ароганција.

За жал, тој најмалку се занимаваше со тренерската работа, со играчите и тактиките, а најмногу со кадровска работа во Сојузот.

Насекаде гледаше заговор, ги избегнуваше сите што не размислуваат како него, а се опкружуваше со луѓе кои го нарекуваат „Мистер“ и кои го хранат неговото претерано его. И секогаш другите се виновни, сите освен него.

Разочаран сум од немањето овластување на претседателот и на членовите на ИО да се спротивстават на самоволието и уцените на егоцентричниот и самозанесен селектор.

Очигледно е дека генералниот секретар и јас сме единствените виновници за лошите резултати во Германија. Ако оваа одлука го спаси српскиот фудбал, јас сум подготвен да ја платам таа цена.

Дефинитивно, имаме одлични играчи, но и катастрофално професионално водство. Фудбалската јавност тоа добро го препознава, за разлика од професионалните кревачи на раце кои не знаат, не сакаат или не смеат да го видат“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО