Шмајхел во друштво на Сер Алекс: Данецот го раскажа големото разочарување по дербито

Манчестер Јунајтед изминатиот викенд го загуби дербито против Ливерпул на „Олд Трафорд“ и „црвените ѓаволи“ беа единствената екипа која ова коло не постигна гол во првенството.

Тоа доволно зборува за тоа во каква ситуација е клубот од Манчестер, иако доведоа неколку нови фудбалери, се уште нема некој голем прогрес на повидок. По три кола, Јунајтед има само 3 бода, една победа и два порази.

По натпреварот, Питер Шмајхел кој е легенда на клубот, се обиде да објасни како се чувствувал за време на натпреварот, кога бил во друштво на Алекс Фергусон.

– Седев до Сер Алекс за време на натпреварот, тој беше крајно тажен. Она што тој го направи за овој клуб беше нешто големо. Сето она во кое уживавме на времето, сега е нешто друго. Она што го гледавме, за сите нас, за Сер Алекс беше доста тажно.

– Но се сменија времињата, сега има нов тренер, кој доби доверба, доби пари за трансфери, а сезонава веќе на три натпревари, само една победа, на два меча сме поразени, едноставно е, не гледам разлика од претходно. Малку недостасуваше да пуштам некоја солза, ова е тажно што го гледаме, порача Питер Шмајхел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО