(ВИДЕО) Каземиро мета на жестоки критики. Го брани сопругата!

Сопругата на Бразилецот, Каземиро (32), Ана Маријана, објави фотографија од трофеите на нејзиниот сопруг откако многубројни медиуми и експерти го критикуваа за играта на мечот Манчестер јунајтед – Ливерпул (0:3).

Луис Дијаз постигна два гола, во 35. и 42. минута, а третиот го даде Мохамед Салах во 56. минута. Искусниот Каземиро погреши на својата половина при првите два гола на Дијаз.

Бразилецот најпрво направи погрешно додавање, право во нозете на Рајан Гравенберх, по што следеше контра од која Колумбиецот погоди со глава.

Седум минути подоцна Дијаз му ја одзеде топката на невнимателниот Каземиро, Салах повторно го пронајде Дијаз во средината, а тој од прва биеше и го погоди долниот агол.

Сопругата сега се стави во одбрани Каземиро потсетувајќи на се’ што тој има освоено во кариерата.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хег го остави Касемиро во соблекувалната на полувремето и наместо него на теренот го испрати Тоби Колиер.

– Каземиро многупати ми покажа дека има одличен карактер. Сите ги видовме неговите одлични моменти. Тој повторно ќе ги покаже. Освои се’ што можеше во кариерата, ќе продолжи да му помага на тимот и натаму, изјави Тен Хаг по натпревар.

Каземиро во кариера настапуваше за Сао Паоло, Порто, за вториот и за првиот тим на Реал Мадрид. Со години беше дел од одличната линија во средниот ред на „кралевите“ со Лука Модриќ и Тони Крос, и заедно со нив освои 18 трофеи со Реал.

Јунајтед го донесе пред две години во трансфер вреден 70 милиони евра и оттогаш тој забележа 86 настапи, даде 12 гола, плус девет асистенции и го освои ФА и Лига купот на Англија.

Тој има договор до летото 2026 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Летово го поврзуваа со богати саудиски клубови, но остана во Манчестер. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 20 милиони евра.

За Каземиро зборуваше и поранешниот англиски дефанзивец, а денеска стручен тв-коментатор, Џејми Карагер.

– Тој имаше голема кариера, освои се’ што треба и може да се освои. Тажно е да се види низ што минува, истакна Карагер, кој целата кариера ја мина во Ливерпул, каде што беше капитен, и одигра вкупно 737 натпревари.

Карагер во контекст на втората грешка на Каземиро изјави дека „секогаш може да се случи лошо додавање“, додавајќи оти Бразилецот изгледал „скршено“ по паѓањето!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО