Навратилова го анализира поразот на Ѓоковиќ: Јасно беше дека до тоа ќе дојде

Мартина Навратилова се обиде да објасни што се случи со Новак Ѓоковиќ на САД ОПЕН годинава и зошто тој всушност е елиминиран.

Алексеј Попирин успеа да одигра одличен натпревар и без поголеми проблеми да го победи Новак Ѓоковиќ и на тој начин да направи сензација.

Но некогашната тенисерка и освојувачка на повеќе турнири, Мартина Навратилова, смета дека за ваквата „никаква“ форма на Ѓоковиќ, виновно е Олимпиското злато.

– Тој се предодредеи за Олимписклиот медал, сакаше да го исполни тоа и го направи.Затоа и не ме чуди премногу што е елиминиран во Њујорк. Тој имаше малку време да се опорави и да се подготви за овој турнир. Јасно беше од почетокот дека нема фокус и дека олимпиското злато му го изгасна оганот за успех, порача Навратилова.

Навратилова во минатото честопати го коментираше Новак Ѓоковиќ и неговиот темперамент, а сега тврди дека златото на Олимпијадата му задава проблеми на српскиот тенисер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО