Попирин: Да се победи најголемиот, неверојатно чувство!

Алексеј Попирин беше фантастичен на натпреварот против Новак Ѓоковиќ, кој на крајот успеа да го победи и да се пласира во следната фаза.

Ова беше негов трет меч годинава на гренд слем турнирите и прв пат успеа да го добие.

– Искрено, не знам што да ви кажам, можеби овој пат имав и малку среќа. Беше одлилен натпревар и јас сум задоволен. Имав шанси и во Австралија и Вимблдон, но тогаш не ги искористив, сега да. Конечно ја пробив границата да влезам меѓу најдобрите 16.

– Неверојатно е чувството тоа да го направам против најдобриот на сите времиња. Го имав во глава моментот дека Ѓоковиќ и на 2:0 во сетови, може да го сврти натпреварот. Секој момент очекував да го подигне нивото на игра и да ме сомеле, но за среќа, не дојде до тоа. Но во еден момент пак си реков, не сакам да бидам повторно уште еден во низа, кој ќе загуби од Ѓоковиќ по голема предност, тоа беше дополнителна мотивација за мене, порача Попирин.

За место во четвртфиналето, кое за Попирин може да биде уште поголемо во кариерата, ќе игра против Американецот, Тијафо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО