Кејн конечно освои трофеј, но индивидуален!

Кога Хари Кејн го облече дресот на Баерн Минхен, сите мислеа дека неговото проклетство кога станува збор за трофеите завршило.

Но во шокантен сплет на околности, клубот од Минхен ланската сезона остана без трофеј, како и 31-годишниот Кејн.

Поранешниот играч на Тотенхем сепак стигна до првиот трофеј во кариерата, но на индивидуален план, освојувајќи за „Златната копачка“ за постигнатите 36 гола во Бундеслигата.

Ова е најдобриот голгетерски учинок во сите европски лиги, секако кога ќе се земе предвид и коефициент во шампионатите.

Кејн досега освои неколку голгетерски награди, но ова е убедливо највредна и можеби е најава дека би можел да постигне нешто повеќе со Баерн во следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО