Први неволји во мадридскиот „кралски“ рај: Навредената ѕвезда отвори болна тема

По ланската трофејна сезона, Реал Мадрид продолжи во ист ритам. Во Супер купот на УЕФА ја совлада Аталанта со што тимот на Карло Анчелоти, со новата ѕвезда Килијан Мбапе, зачекори во нова ера и во нова авантура.

Сепак, во тимот на актуелниот шпански шампион очигледно не е се така прекрасно како што изгледа на прв поглед. Кралевите „само“ ремизираа (1:1) со Мајорка на отворањето на шпанската Ла лига. Стрелец на единствениот гол за „кралевите“ беше Родриго во 13. минута.

Подоцна, 23-годишниот бразилски напаѓач во интерна група на Вотапс (WhatsApp) наводно го споделил она што го мачело. На некои тоа не им се допаднало, па Родриго морал потоа да ја избрише пораката, пренесува Билд.

Според Марио Кортегана, известувач на англискиот портал Атлетик кој го „покрива“ Реал Мадрид, Родриго го напишал следново во порака: „Вчерашниот резултат не е онаков каков што посакував. Во Ла лига секој бод на крајот прави разлика. Задоволен сум само поради нашата цел, а тоа е развој на целиот тим“.

Потоа следува контроверзниот дел што Родриго во меѓувреме морал да го избрише:

– Минатата недела зборувавме за триото Белингем, Мбапе и Вини, но сега ќе мораме да го додадеме и Родриго. Имаме напаѓачка квартет, со остатокот од тимот.

Секој од нас е важен и ќе се докажува во различните натпреварувања. Ќе биде напорна недела до следниот натпревар на Бернабеу, истакнал Родриго.

Има јасна порака меѓу редови. Во Реал фокусот не треба да биде на апсолутните суперѕвезди на тимот, Џуд Белингем (21), Килијан Мбапе (25) и Винициус Жуниор (24), туку и на него.

Сепак, ова очигледно им пречело на другите и предизвика контроверзи. Потоа било побарано да ја избрише пораката што тој го сторил.

Родриго игра за Реал од 2019 година, а според Трансфермаркт неговата пазарна вредност е околу 110 милиони евра.

Минатата сезона во повеќе наврати ја докажа својата вредност постигнувајќи 17 гола, пус девет асистенции на 51 натпревар, вклучувајќи го и голот во двата осминафинални натпревара во Лигата на шампиони (ЛШ) против Манчестер сити и победничкиот од белата точка во првиот полуфинален натпревар против Баерн Минхен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО