Вардар убедлив и против Партизан!

Одлична партија на Вардар вечерва, во вториот меч од турнирот “Крсте Андоновски“ во Охрид, и тоа против Партизан за победа од 32:26.

Сега вардрци имаат две победи од двата меча, и по се’ изгледа дека за пласман во финалето ќе решава директниот дуел со Целје.

Откако во првите минути од мечот резултатот беше израмнет, како што одминуваше времето момците на стратегот Недановски заиграа многу подобро и си ја билдаа разликата, која на полувреме изнесваше +5 или 18:13.

Во второто полувреме шанса добија и останатите ракометари, гостите од Србија се заканија, но Вардар умешно и речиси рутински дојде до нова убедлива победа, овојпат со 32:26.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО