Афера допинг: Одбраната на Синер „паѓа во вода“, објавени фотографии кои докажуваат измама!

Допинг-аферата во која се најде првиот светски рекет, Италијанецот, Јаник Синер е главна тема во светот на спортот.

Во вторникот како гром од ведро небо одекна веста дека младиот 23- годишен тенисер двапати паднал на допинг тест во март.

Скандалозната вест со месеци се чуваше во строга тајност, а потоа беше објавено дека на турнирот во Индијан Велс двапати бил позитивен на недозволената супстанца колстебол, но и дека не е виновен!

Тренерот на Синер даде објаснување на кое малкумина поверуваа. Физиотерапевтот Џакомо Налди и членот на тимот Умберто Фереро беа обвинети за пропустот.

Тие тврдат дека Налди си го пресекол прстот со скалпел и дека Ферера му дал спреј кој содржел костебол. Нивното објаснување е дека стероидот навлегол во телото на Синер преку кожата, го пренел физиотерапевтот додека го масирал!

Бидејќи многумина не поверуваа во тоа, на социјалните мрежи почна да се шири фотографија од физиотерапевтот на Синер, Налди со преврзан прст за да се покрие приказната што ја објавија во јавноста.

Контроверзниот американски новинар, Бен Ротенберг прво ја пофали публикацијата, а потоа реши малку подетално да ја истражи целата работа.

Тој утврдил дека фотографијата со преврзаниот прст е направена на 10 март, кога за прв пат било откриено дека Синер бил позитивен на тестот.

Ротенберг пронашол неколку фотографии од Налди од други натпревари во Индијан Велс и сфатил дека физиотерапевтот нема завој на прстот, што предизвикало сомнеж за вистинитоста на нивната приказна.


– Овие фотографии се совпаѓаат и ја потврдуваат временската рамка во одбраната на Синер, за да биде јасно, бидејќи беше наведено дека тој го извадил завојот на 5-ти март. Повторното завиткување прикажано на натпреварот од третото коло на 10-ти март е извонредно, вели Ротенберг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО