Светскиот тенисер број 1 сепак „чист„ по позитивниот допинг тест во март

Италијанецорт, Јаник Синер /23) ја има најдобрата сезона во кариерата. На почетокот од годината ја освои првата грен слем титула откако го детронизира Новак Ѓоковиќ на Австралија опен, а потоа се зацврсти како светски рекет број 1 на АТП листата.

Неодамна беше откриено дека Синер доживувал драма во март кога паднал на допинг тестот. Во неговата крв била пронајдена мала, но сепак нелегална количина клостебол, стероид кој често се користи за градење мускулна маса. Кога осум дена подоцна бил земен вториот примерок, Синер сè уште бил позитивен!

Тој беше автоматски суспендиран, но поднесе жалба и можеше да продолжи да игра. Интернационалната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) открила дека крвта на Синер била ненамерно контаминирана од Џакомо Налди, неговиот физиотерапевт.

Налди имал расекотина на раката која ја санирал со спреј купен во аптека, а таквите спрејови честопати содржат мали количества клостебол.

Налди го масирал Синер со раце на кои имало траги од тој стероид, со што го контаминирал. Независна комисија сега го рехабилитира Синер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО