Динамо Загреб го дели еден меч до настап во ЛШ. Стефан Ристовски се повреди

Динамо го победи Карабаг со 3:0 во првиот плеј-оф натпревар и е многу блиску до настап во Лигата на шампиони (ЛШ), по деветти пат во завршната, групна фаза, поточно лигашка во новата сезона.

Хрватскиот шампион славеше со головите на Марко Пјаца во 29. минута и на Сандро Куленовиќ, кој влезе во 63. минута и погоди во 75. и во 80. минута. Реваншот е следната среда во Баку, Азербејџан.

Динамо можеше да слави и и поубедливо, но за големата победа може да му се заблагодари и на голманот Иван Невистиќ, кој спаси две „чисти“ шанси, но и на играчите на Карабаг кои пропуштија неколку неверојатни шанси.

Во стартниот тим на Динамо беше и македонскиот интернационалеце и поранешен капитен на репрезентацијата, Стефан Ристовски, кој, за жал, се повреди и мораше да ја напушти играта во 20-та минута. За Ристовски тоа беше славенички, 150-ти официјален настап за „модрите“ од Загреб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО