Легендата на алпското скијање, 68-годишниот Швеѓанец, Ингемар Стенмарк продолжува да ја воодушевува публиката, но сега на Светското првенство (СП) во атлетика за ветерани во Гетеборг, во дисциплината скок со стап!
Стенмарк, кој освои два олимписки златни медала и пет златни медали на Светските првенства (СП) во слалом и во велеслалом, вчера прескокна три метри, што е негов втор најдобар резултат.
Миленикот на локалната публика, Стенмарк беше осми во А финалето во категоријата спортисти на возраст од 65 до 69 години.
Стенмарк се повлече од натпреварувачкото скијање во 1989 година, а неговиот рекорд од 86 победи на Светскиот куп (СК) опстојуваше до март 2023 година, кога го собори Американката, Микаела Шифрин.
Тој сè уште го држи рекордот за победа на натпревар во СК со најдолго временско растојание (4,06 секунди) во 1979 година.