Капитенот на Германија се простува од репрезентацијата

Капитенот на германската репрезентација, Илкај Гундоган (33) најави збогување со дресот на „панцирите“. Фудбалерот од средниот ред на Барселона на социјалната мрежа Х најави збогување од репрезентацијата, велејќи дека чувствува „извесен замор“.

– Горд сум на 82-те настапи во дресот на мојата земја. Почувствував одреден замор во телото, но и во главата, што ме натера да размислувам, изјави поранешниот капитен на „Маншафт“.

Гундиган ги следи стапките на Тони Крос и на Томас Милер, кои по неодамнешното ЕП најавија збогување со репрезентацијата.

– Мојот врв беше огромната чест што можев да бидам капитен на тимот на домашното Европско првенство летово, додаде тој.

Гундоган вели дека „дефинитивно ќе навива и натаму за националниот тим“, и е убеден дека „елфот“ може да биде меѓу најголемите кандидати за титулата на Светското првенство (СП) 2026 година.“ „Имаме фантастичен тренер, навистина силен тим и одличен тимски дух“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО