Пропадна договорот на Челси со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Саму Омородион, што ги доведува во прашање трансферите на Конор Галагер и на Хулијан Алварез во мадрискиот тим.
Челси се договори за трансфер на Омородион вреден 34,5 милиони фунти, овозможувајќи му на Галагер да замине во спротивна насока за истата сума, со петгодишен договор.
Трансферот на Омородион ќе значеше дека Атлетико има потреба од замена за што го договорија доаѓањето на Алварез од Манчестер сити, за 82 милиони фунти.
По колапсот на зделката со Омородион, Челси и Атлетико сега работат на враќање во Лондон на Жоао Феликс, кој мина некое време на заем на „Стемфорд бриџ“ во 2023 година, во обид да ја решат трансфер загатката.
Што се однесува до Сити, тие се’ уште очекуваат договорот со Алварез да се реализира. Атлетико се согласи однапред да плати 64 милиони фунти (75 милиони евра) со дополнителни 17 милиони фунти (20 милиони евра) потенцијални додатоци за Алварез.
Тоа би била рекордна купо-продажба за Сити и огромен профит ако се има предвид дека на Ривер плата и дадоа само 14 милиони фунти за аргентинскиот напаѓач во јануари 2022 година.