Драма во Париз: Го славел златниот медал и доживеал срцев удар. Колегите му го спасиле животот

Синоќа официјално беа затворени Олимписките игри (ОИ) во Париз, а во текот на вчерашниот ден британските медиуми објавија прилично шокантна приказна за тренерот на боксерската репрезентација на Узбекистан, Тулкин Киличев.

Пред четири дена при пеославата на златниот медал на Хасанбој Дусматов, тој доживеал срцев удар и за малку можел да го загуби животот. Но преживеал благодарение на брзата интервенција на неговите британски колеги, тврди „Сан“.

Прославата на медалот на Дусматов во просториите на тенискиот центар Ролан Гарос, каде што се одржувал боксерскиот меч, брзо се претворила во повици за помош, бидејќи 41-годишниот Киличев имал срцев удар.

За среќа, во тој момент во близина биле двајца членови на олимпискиот тим на Велика Британија, кои брзо почнале да го оживуваат селекторот на Узбекистан.

– Тоа беше повик за лекар. Многу тренери беа видно вознемирени од целата ситуација, па ни требаше малку време да ги тргнеме сите од патот.

Отпрвин тој не реагираше, но по околу 20 до 30 секунди се освести, што беше одлично, изјавија за „Сан“ физиотерапевтот Роби Лилис и колегата д-р Харџи Синг.

Потоа и „Би-би-си“ објави дека Киличев бил префрлен во болница и оти сега е во стабилна состојба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО