Данска во драматичен меч ја совлада Словенија за финале на ОИ

Ракометарите на Данска ја победија Словенија со 31:30 во второто полуфинале на Олимписките игри (ОИ) и се пласираа во финалето во кое ќе играат против Германија која пак беше подобра од Шпанија, 25:24.

Тоа беше меч во кој Данска имаше предност од третата минута и не ја испушти до крајот. Словенија имаше шанса во нападот во последните секунди да израмни и да оди во продолженија, но не го искористи.

Во поголемиот дел од натпреварот се чинеше дека Данска плови кон лесна победа. На полувремето водеше со 15:10, а во неколку наврати во вториот дел ја зголемуваше предноста на шест гола.

Сепак, Словенците се вратија во игра, најмногу благодарение на одбраните на Клемен Ферлин. Со серија 3:0 дојдоа на негатива од еден гол на минута пред крајот. Данците потоа се изборија за седмерец, но Ферлин го одбрани ударот на Микел Хансен.

Словенците тогаш го имаа последниот напад, но не успеаја да го реализираат и да израмнат. Во последната секунда судиите проверуваа евентуален седмерец за Словенија, но сепак решија да досудат само фаул на девет метри.

Кај Данска најдобар беше Магнус Ландин со шест гола, а Лукас Јоргенсен и Микел Хансен постигнаа по пет. Деан Бомбач и Алекс Влах постигнаа по седум гола за Словенија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО