Ватерполо класика: Србија – Хрватска за олимпиското злато!

Во финалето на Олимписките игри (ОИ) во вистинска ватерполо „класика“ ќе играат Хрватска и Србија.

Хрватите во тензичен полуфинален меч ја победија Унгарија со 9:8 (3:3, 4:2, 2:2, 0:1) и обезбедија најмалку сребрен медал. Противникот на Хрватска која ќе игра за второто олимписко злато по Лондон 2012-та, во неделното финале од 14 часот, Србија, во полуфиналето ги исфрли САД, 10:6.

Решавачка беше втората четвртина во која избраниците на Ивица Туцак направија предност од два гола, што Унгарците до крајот на натпреварот не успеаја да ја стигнат.

Кај Хрватска се истакнаа Лорен Фатовиќ со пет гола и Марко Бијач со 10 одбрани, од кои два одбранети петерци. Два гола постигна Лука Букиќ, а по еден Маро Јоковиќ и Марко Жувела. За Унгарија по два гола постигнаа Шилард Јаншик и Мартон Вамос.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО