Францускиот интернационалец, Кингсли Коман би можел да го смени црвениот дрес на Баерн Минхен за синиот на Манчестер Сити, пишува „Билд“.
„Граѓаните“ се заинтересирани, а Баварците сакаат да заштедат пари на платата на 28-годишниот фудбалер. Манчестер сити сака да го земе крилниот напаѓач на заем со опција за откуп што му одговара на Баерн кој е спремен за преговори.
Минатата сезона Кингсли Коман одигра 17 натпревари во Бундеслигата и постигна три гола.