Ракометарите на Германија се првите финалисти на Олимписките игри (ОИ). Во полуфиналето тиа ја победија Шпанија со 25:24, а голманот Андреас Волф беше апсолутен херој со 22 одбрани, со неверојатен процент на одбранети удари, 48,9 отсто.
Германија подобро го отвори натпреварот и во два наврата во првото полувреме имаше предност од +4 (10:6 и 11:7), но во последните 10 минути Шпанците успеаја да го израмнат резултатот и да заминат на пауза со 12: 12.
Во вториот дел се играше изедначено, а во 51. минута Шпанија го имаше првото водство на натпреварот (23:22). Но, по тој гол, Шпанците како да застанаа. Поточно, беа запрени од феноменалниот голман на Германија, Андреас Волф.
Тој во последните 10 минути бранеше „гол по гол“ и му овозможи на својот тим да го промени резултатот и да го добие финалето. Од 22-те одбрани на Волф, особено импресионира фактот што одбрани седум од 16 удари од шест метри, односно од самата линија.
Заедно со него и Ренарс Ушчинс со шест гола имаше удел во победата на Германија. Јоханес Гол и Јури Нор постигнаа по четири гола. Најефикасен кај Шпанија беше Даниел Фернандез со пет гола.