ФА го потврди привремениот селектор на Англија

Ли Карсли ќе биде новиот, привремен селектор на Англија, официјално соопшти Фудбалската асоцијација (ФА).

Карсли, 50-годишниот стручњак, кој досега беше на чело на тимот на Англија, до 21 година, ќе го води тимот на средбите со Република Ирска и Финска во септември во Лигата на нации (ЛН).

Но, можно е Карсли да остане на клупата и на преостанатите натпревари од ова натпреварување кои се на програмата есенва.

– За мене е чест макар и привремено да ја водам селекцијата на Англија. Бидејќи добро ги познавам играчите, има смисла да го водам тимот додека ФА го продолжува процесот на назначување нов постојан селектор.

Мојот главен приоритет е да се обезбеди континуитет. Нашата цел е да обезбедиме промоција во Лигата на нации, изјави Карсли.

Еди Хау, Грем Потер, Маурицио Покетино и Киран Мекена се водечките кандидати за трајно решение на функцијата, селектор на Англија според „Скај Спортс“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО