Скопскиот маратон слави 20 години: „Трчањето ќе те промени“

Со мотото „Трчањето ќе те промени“, Скопскиот маратон низ годиниве покажа и докажа дека спортот зближува, отвора нови видици, авантури, шири позитивна енергија, урива спортски, па и други рекорди.

Нема причина тоа да не биде така и на годинешново 20-то јубилејно издание на најмасовниот спортски настан во државава. Годинава, скопските улици на 6.октомври ќе бидат домаќини на илјадници тркачи, полумаратонци и маратонци од преку 50 држави од целиот свет.

Од организацијата најавуваат одлично издание на трките, со можност секој  учесник да стане дел од историјата на најголемиот спортски настан во земјава.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО