Ѓоковиќ се повлече од турнирот што го освои лани

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот во Синсинати, каде што од следната недела требаше да ја брани титулата од лани.

Со победата над Шпанецот, Карлос Алкараз во финалето во Париз, Ѓоковиќ стана петтиот тенисер(ка) што ги освоил четирите грен слем турнири и олимписка титула.

– Секако разбираме дека доаѓањето во Синсинати е веднаш по олимпискиот триумф. Неговата титула лани беше незаборавна. Едвај чекаме да го видиме наскоро на теренот, рече директорот на турнирот, Боб Моран.

Ѓоковиќ го победи Алкараз во финалето во Синсинати минатата година пред да се упати на САД опен, каде што ја освои последната од 24-те грен слем титули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО