Надал донесе важна одлука: Морав да го направам ова!

Како што се шпекулираше, Рафаел Надал потврди дека нема да биде дел од овогодинешното издание на УС ОПЕН.

Тој иако успеа да забележи настап на ОИ, каде беше елиминиран во 2. коло од директниот освојувач на златото, Новак Ѓоковиќ, сепак нема да биде дел од УС ОПЕН.

Надал се огласи преку социјалните мрежи и им соопшти на навивачите.

– Здраво на сите, сакам да ви напишам дека решив да не се натпреварувам годинава на УС ОПЕН, место каде имам неверојатни спомени. Верувам дека не би можел да дадам се од себе, па од таму ја носам одлуката да не настапам. Посебна благодарност до сите мои навивачи во Америка, многу ќе ми недостасувате, но ќе се видиме повторно. Мојот следен настап ќе биде на Лејвер Купот во Берлин, порача Надал.

Шпанецот низ кариерата, има четири триумфи на УС ОПЕН, но да останеше здрав, веројатно ќе имаше уште некое славје овде.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО