Австралиската атлетичарка и светска шампионка, Нина Кенеди (27) е освојувач на златниот медал во дисциплината скок со стап на Олимписките игри (ОИ). Со тоа таа на својата земја ѝ го донесе 18-от златен медал во Париз.
До златото таа стигна со скокот од 4,90 метри, најдобар сезонава, што нејзинaта ривалка, Кејти Мун од САД, во последниот обид не успеа да го достигне, ја урна летвичката, што значеше златен медал за Кенеди.
Тоа е истата височина што што таа и Кејти Мун, ја прескокнаа на СП во Будимпешта во август 2023 година кога го поделија златото. Американката овојпат мораше да се задоволи со среброто со скокот од 4,85 метри. Бронзата и припадна на Канаѓанката Алиша Њуман која исто така пресккна 4,85 метри.