Возачот на Тојота, Французинот Себастиен Ожие, забележа неочекувана победа на релито Финска, деветтата „станица“ од сезоната во Светското првенство (СП) во рели, по шокантниот пресврт на последниот ден од трката.
Французинот доби „подарок победа“ откако Кале Рованпера (Тојота) излета од патеката на претпоследниот брзински тест кога имаше убедливо водство од 45 секунди пред Ожие, и беше пред триумф.
Но, во 19-та етапа, Кале излета во шумата, меѓу дрвјата, се преврте на покривот и го заврши релито со „тоталка“. Ова беше негов шести настап на домашното рели, но „проклетството“ продолжува.
Rovanperä’s dreams of a first Rally Finland victory are over for another year 😔
This was the aftermath of his high-speed roll into the trees 📸 #WRC pic.twitter.com/NwE4aXuQgp
— DirtFish (@DirtFishRally) August 4, 2024
Двократниот светски шампион се’ уште нема победа на домашните трки. Најдобар резултат му е второто место во 2022 година, додека останатите пласмани му се: 14. место, 9-то, 34-то, повлекување, повлекување…
За Ожие тоа беше 61 победа во кариерата. Втор беше Тиери Нојвил (Хјундаи), кој максимално профитираше во однос на борбата за шампионската титула.
Бидејќи двајцата негови ривали не стигнаа до целта, От Танак (Хјундаи) испадна веќе првиот ден, а Елфин Еванс (Тојота), како и Рованпера, во претпоследната етапа, Велшанецот се избори за бонус од 25 поени.
Elfyn Evans and Scott Martin's Toyota took a hefty impact going into the trees on Sahloinen-Moksi 💥
Crew OK ✅ #WRC #SectoRallyFinland pic.twitter.com/Pi2HiWlqC7
— DirtFish (@DirtFishRally) August 4, 2024
На четири трки до крајот на сезоната, Нојвил има предност од 27 поени пред Ожие. Но Французнот не вози на сите трки, но можно е да се премисли бидејќи има шанси да ја освои деветтата шампионска титула, со која би се израмнил со рекордерот и сонародник, Себастиен Лоеб.