Ѓоковиќ ќе добива државна пензија. Еве и колку ќе го награди Србија за медалот

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри (ОИ) во Париз совладувајќи го Карлос Алкараз во финалето со 7:6 (3), 7:6 (2).

Српската влада великодушно ги наградува олимпијците кои и’ носат медали за земјата, поточно Ѓоковиќ ќе добие 200.000 евра за златото. Србија на Ѓоковиќ ќе му исплатува и спортска пензија која ќе му биде активирана од 40-от роденден.

Србија е меѓу најдарежливите земји, а само две земји даваат повеќе за олимписко злато. Израел златниот медал го наградува со 253.000, а Хонг Конг дури со 708.000 евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО