(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ собори уште еден рекорд

Новак Ѓоковиќ (37) испишува нови страници на спортската историја, соборувајќи притоа уште еден рекорд. Тој е највозрасниот тенисер кој освоил златен медал во поединечна конкуренција на Олимписките игри (ОИ). Тој во финалето го совлада Карлос Алкараз од Шпанија со 2:0, по сетови 7:6, 7:6.

Ѓоковиќ беше импресивен на олимпискиот турнир, имајќи предвид дека го освои без загубен сет. Во Париз, Ѓоковиќ ги победи Ебден од Австралија, Надал од Шпанија, Кепфер од Германија, Циципас од Грција, Музети од Италија и, на крајот, Алкараз од Шпанија.


– Не знам што да кажам, целосно сум шокиран од емоциите. Целта е постигната, да и’ обезбедиме медал на Србија, да влеземе во финалето, нешто што не успеав да го направам на претходните четири Игри.

Сите сакаа да одам на злато и јас го сакав тоа денеска, мислам дека фактот што се пласирав во финалето ми помогна малку порелаксирано да влезам во натпреварот.Одев  на се’ или ништо, во решавачките моменти удирав силно форхенди и така го завршив смечот, изјави Ѓоковиќ за РТС.

Тој додаде дека поддршката од семејството многу му значела.

– Веднаш отидов да ги гушнам сите. Имам милијарда емоции кои се будат во моментов. Пресреќен сум и горд што донесов злато во Србија, тоа е најголемиот спортски успех во мојот живот, заклучи Ѓоковиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО