Луѓето од Интер внимателно ја следат ситуацијата и размислуваат да испратат понуда за играчот на Јувентус, Федерико Киеза, кој не сака да ја продолжи соработката со „Старата дама“ доколку не добие подобри финансиски услови.
Според дел од италијанските медиуми, претставниците на „нероазурите“, деновиве оствариле првични контакти со агентите на Киеза за да ги дознаат неговите барања.
Во истовреме, тимот од Милано планира да продаде неколку играчи за да направи простор во ростерот за Киеза.