Ливерпул бара повеќе пари за Карвалјо

Екипата на Саутемптон испратила понуда од 15 милиони евра до Ливерпул за трансфер на Фабио Карвалјо, која „црвените“ веднаш ја одбиле, наведуваат денеска медиумите во Англија.

Младиот интернационалец со потекло од Португалија, кој во претходните сезони играше на заем во Лајпциг и во Хал, сака да остане на „Енфилд“ и да се бори за место во првата постава.

Карвалјо, 21-годишниот фудбалер, е дел од експедицијата на англискиот тим во САД во рамките на летната турнеја. Тој се запише во листата на стрелците на синоќешниот контролен меч против Манчестер јунајтед (3:0).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО