Посебен потег на Надал: Жалам што морам да го објавам ова..

Енди Мареј се пензионира на Олимписките игри во Париз, по елиминацијата во четвртфиналето од дубл конкуренцијата, додека во сингл конкуренција не настапи.

Среќно пензионирање на шкотскиот тенисер му посака неговиот пријател, Рафаел Надал, кој претходно достојно го испрати и Федерер, а сега на ред е Енди Мареј.

– Тажен сум што морам да го објавам ова видео, ти си еден од најомилените играчи во соблекувалната поради својот карактер, харизма и начинот на кој се однесуваше и кон мене и кон сите останати тенисери, порача Надал.

– Уживав во тоа да ти бидам ривал и колега. Мислам дека имавме убави моменти заедно. Сакам да ти честитам на пензионирањето, на се што оствари во кариерата, посебно што го оствари сонот, да бидеш број1 во светот извесен период. Беше најдобар некое време и направи големи работи за тенисот. Искрено ти посакувам се најдобро во иднина, се надоврза Рафа Надал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО