Зверев има здравствен проблем: Гледам како четири топчиња доаѓаат кон мене на мечевите

Германскиот тенисер Александар Зверев по елиминацијата од Олимписките игри, морал да замине на доктор.

Шампионот од 2021 година, го заврши учеството во француската престолнина, откако беше победен од Мусети со 7-5, 7-5. Но тој се жалеше на одредени проблеми на тој натпревар, па по елиминацијата морал да замине на преглед кај доктор.

– Уште на турнирот во Хамбург пред две недели, чувствував дека доста брзо се заморувам. Потребни ми беа подолги период да се одморам. Се почна во Хамбург, а продолжи во Париз. Веќе во второто коло почувствував дека не можам да играм повеќе од еден сет. Морам да видам што се случува со цел да ја продолжам сезоната.

– Кога е проблем со нивото на шекер во телото, тогаш чувствувам дека сум бавен и немам желба за тренинг. Сега имам друг проблем, вртоглавица, гледам по четири топчиња на еден удар кога сум на терен како доаѓаат по мене. Како ништо да не можам да сторам, порача пред некој ден Зверев.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО