Алкараз даде ветување: Ако го победам Ѓоковиќ за злато, ќе го направам тоа што го ветив!

Карлос Алкараз вети дека доколку попладнево го добие Новак Ѓоковиќ во големото финале за златото на ОИ во Париз, ќе направи посебен цртеж или тетоважа на своето тело.

Според она што е релевантно, Карлос Алкараз е благ фаворит според обложувалниците во финалето, овде доаѓа со последен триумф над Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон, а триумф овде во Париз, ќе значи и нов цртеж на негото тело.

– Ако победам во недела, ќе видиме, но најверојатно да. Остана уште еден мал чекор до златото, меч кој е голем како планина, но да, ако го добијам, тоа ќе го направам сигурно, порача Алкараз.

По титулата на УС ОПЕН 2022, тој го истетовира датумот на победата на десниот лакт. Неговиот епски пат до титулата на Вимблдон 2023 година беше препознат со тетоважа пак на десниот зглоб.

Алкараз година дена подоцна ја истетовира и Ајфеловата кула и датумот на триумфот, откако годинава славеше и на Ролан Гарос, па сега останува златото на ОИ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО