Србите ги декласираа Американците во Париз и славеа со фолк хит

Репрезентацијата на Србија во кошарка 3х3, „улична кошарка“, е еден од главните фаворити за злато на Олимписките игри (ОИ).

Србите со години се најдоминантна репрезентација во овој спорт, имаат освоено шест светски злата, олимписка бронза од Токио и најдобриот играч на светот, Страхиња Стојачиќ.

Улогата на фаворити тие ја оправдаа на првиот настап во Париз, каде што ги совладаа Американците со убедливи 22:14. Ги предводеше Марко Бранковиќ со осум поени, Стојачиќ постигна седум, а Марко Васиќ и Дејан Мајсторовиќ постигнаа четири, односно три поени. Кај САД најдобар беше Карим Медокс со шест поени.

По победата, организаторот им ја отсвири победничката песна, фолк хитот на Нада Топчагиќ „Утро е“, на српските кошаркари и на присутните навивачи во Париз. Песната веќе стекна светска слава бидејќи со неа прославуваа Златан Ибрахимовиќ и Лука Дончиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО