(ВИДЕО) Дали ја имаме најдобрата фотографија од ОИ досега?

Париз е градот домаќин на Олимписките игри (ОИ) 2024, но голем број натпревари се одржуваат надвор од главниот град на Франција. Имаше повеќе примери, почнувајќи од фудбалот и рагбито, па завршувајќи со кошарката. Но, сепак еден спорт е специфичен.

На повеќе од 15.000 километри од Ајфеловата кула и од другите знаменитости се наоѓа селото Таехупо на Тахити, кое е домаќин на натпреварите во сурфање.
Спортот што дебитираше во ОИ во Токио 2021 година полека станува редовен дел од програмата, а неговата атрактивност го привлекува вниманието и на оние кои не се премногу упатени.

Времето на Тахити деновиве не им оди во прилог на натпреварувачите, особено во понеделникот бидејќи брановите беа прилично големи, но тоа не спречи некои натпреварувачи да се истакнат.

Но, ѕвезда на програмата беше фотографот на  „Гети имиџис“ (Getty Images), Жером Бруила, кој го овековечи „нереалниот“ момент на Бразилецот, Габриел Медина.

Бразилецот во дуел од групната фаза беше подобар од Кану Игараши со 17.40: 7.04, а на крајот од натпреварот бран го поткрена и тој беше во поза што изгледаше како да стои во воздухот!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО