Надал се налути по поразот од Ѓоковиќ: Постојано ми поставувате едно исто прашање

Новак Ѓоковиќ го доби класикот денеска против големиот ривал Рафаел Надал во 2. коло од Олимписките игри во Париз.

Српскиот тенисер едноставно беше предоминантен за да загуби, или пак, да му пркоси ривалот, кој очигледно денеска не беше на потребното ниво. Неговите повреди си го направија своето и Надал едвај освои, само пет гема против Ѓоковиќ.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби убедливо со 6:1, додека во вториот нешто повеќе се помачи, но го доби и го доби натпреварот со Надал (6:4).

По мечот, новинарите го прашаа Надал, дали е време за пензионирање, а тој одреагира несвојствено и со малку повишен тон, им одговори.

– Секој ден ме прашувате тоа, дали ќе се пензионирам, јас едноставно се обидувам да играм секој ден тенис. Не можам секој ден да размислувам дали некој меч е мојот последен меч. Давам се од себе и мојата одлука ќе биде кога јас ќе решам, ќе ви јавам, тоа сигурно. Претрпев доста повреди последните две сезони, па ако почувствувам дека веќе не сум подготвен, ќе свикам пресконференција и ќе ве ин формирам. Не размислувам за тоа секој ден, порача Надал.

Ѓоковиќ со оваа победа ја зголеми разликата на добиени мечеви во меѓусебен скор (31-29).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО