Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) објави дека за првпат во историјата македонско знаме се завиорило на врвот Гашенбрун2 (Gasherbrum II), во Пакистан, висок 8.035 метри!
Тоа на 22-ри јули, во 13.28 часот по локално време, му успеало на Сашко Кедев, за него 11-ти искачен врв (од вкупно 14) повисок од 8.000 метри.