Прелиминарните квалификации во дисциплината 100 метри градно за жени на Олимписките игри (ОИ) ќе останат запаметени по непознатиот маж кој стекна светска слава за 20-на секунди!
При кратката пауза меѓу двете трки, еден човек се движел покрај базенот, видел нешто внатре, скокнал и за 20-на секунди го напуштил базенот со „непознат“ предмет.
На крајот се испоставило дека тоа е капа што претходно ја загубила една од натпреварувачките, а непознатиот маж добил громогласни овации од навивачите.
Никому не му било јасно кој е човекот што неочекувано завршил во базенот. Медиумите објавија дека по неколкучасовна истрага се испоставило дека станува збор за еден од спасувачите на „Спидо“ кој не сакал да се открие неговото име.
Во меѓувреме го добил прекарот „Боб, пронаоѓач на капи“ (Bob the Cap Catcher), а видеото со неверојатна брзина стана вирално на социјалните мрежи.
Bob the cap catcher, needs to be interviewed by @SnoopDogg at the Olympics. pic.twitter.com/tokUJz5MtI
— DeHuff Uncensored – Podcast (@dehuffpodcast) July 28, 2024