Осудениот силувач го чуваат тројца телохранители во Париз

Не стивнуваат реакциите за тоа што Холандија на Олимписките игри (ОИ) во Париз ја претставува осуден силувач. Стивен ван де Велде (29), кој се натпреварува во одбојка на плажа, во 2014 година беше осуден на четири години затвор поради силување на 12-годишно девојче.

На првиот натпревар на олимпискиот турнир, вчера на стадионот во подножјето на Ајфеловата кула при претставувањето тој беше исвиркан. Претходно повеќе од 100.000 луѓе потпишаа петиција за негово исклучување од турнирот.

Тој и неговиот партнер, Метју Имерс вчера загубија со 1:2 во сетови од италијанската двојка, Рањери/Карамбула.

Ван де Велде беше осуден на четири години затвор во 2016 година, откако призна дека силувал 12-годишно девојче. Тој отслужи дел од казната во Велика Британија каде што било извршено злоделото пред да биде префрлен во Холандија, каде што на крајот бил ослободен, за да и се врати на одбојката во 2017 година, па и да биде избран за настап на годинашните ОИ.


Германскиот „Билд“ пишува дека Холанѓанецот има тројца телохранители кои се во чекор со него и се грижат да не му се случи нешто несакано во Париз.

Ван де Велде не престојува во олимпиското село со останатите спортисти и не му е дозволено да разговара со печатот. Според холандската одбојкарска федерација, Ван де Велде признал дека ја направил „најголемата грешка во својот млад живот“. „Не можам да се вратам назад, па ќе морам да ги трпам последиците“, изјави Ван де Велде.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО