Милан го договорил трансферот на српскиот стопер. Му дава двојно поголема плата?

Италијанскиот трансфер-инсајдер, Фабрицио Романо тврди дека Милан ги завршил преговорите со Страхиња Павловиќ, стоперот на српската репрезентација и на Салцбург и оти останува трансферот официјално да се потврди.

На „Сан Сиро“ ангажирањето на 23-годишниот стопер беше голема желба во овој преоден рок со намера да се засили конкуренцијата во последната линија.

Висината на обештетувањето наводно е над 18 милиони евра, што значи дека ова е трансфер на кариерата на Павловиќ. Стоперот на Шабац пред две години пристигна во Салцбург за седум милиони евра од Монако, а Монако претходно го купи од Партизан за 10 милиони евра.

За преговорите пишуваше и „Ла Газета дело Спорт“, која откри колкава плата му понудил Милан на Павловиќ. Во Салцбург тој игра за 700.000 евра годишно, а Милан го привлекол со понудата од 1,5 милиони евра по сезона.

Павловиќ беше дел од српската репрезентација на неодамна завршеното ЕП. На трите натпревари тој одигра по 90 минути. Вкупно за Србија играше 38 пати и постигна четири гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО