Победникот на трката „Спа Франкоршамп“, Џорџ Расел, е соочен со дисквалификација, бидејки по трката се утврдени одредени нелегалности на неговиот болид.
Британецот ја оствари својата трета победа во Ф1 откако со стратегијата се решија за едно заостанување во бокс и така ја победи конкуренцијата и тимскиот колега Хамилтон.
Стјуардите по трката утврдиле дека болидот на Џорџ Расел е под дозволената тежина, што не е дозволиво и сега се чека разрешница.
Меѓутоа, проверките на ФИА по трката потврдиле дека во болидот се уште имало гориво кога бил испуштен до граница на тежина од 798 килограни, а потоа таа паднала за скоро два килограми.
Извештајот на стјуардите на ФИА гласи: По трката, болидот број 63 е измерен и неговата тежина е 798 кг, што е минимална тежина пропишана од членот 4.1 за трките. Потоа од болидот е испуштено гориво и извадени 2,8 литри од него, но тој не беше во потполност испразнет во склад со прописите за испуштање на гориво. Болидот потоа повторно беше измерен и тежината потоа беше 796,5 килограми. Со оглед на тоа дека е 1,5 килограми под пропишаната тежина, ова прашање го упатуваме до спортската комисија за разгледување.
Членовите на ФИА тврдат дека при ваква ситуација болидот може да биде дисквалификуван, односно победата на Расел одземена на зелена маса. На тој начин, победник евентуално би бил Луис Хамилтон, Оскај Пијастри би бил втор, додека трет би бил Шарл Леклер.
George Russell’s car has been found to be 1.5kg below the minimum weight required during post-race inspections.
The matter has been referred to the stewards.
Lewis Hamilton’s car passed post-race weight checks. pic.twitter.com/AYtDQw4y6b
— Mercedes-AMG F1 News (@MercedesNewsUK) July 28, 2024