Надал се пласира во 2. коло и закажа спектакл против Новак Ѓоковиќ

Рафаел Надал се пласира во 2. коло од Олимписките игри, откако го победи Мартон Фуксович со 2:1 во сетови по два ипол часа игра.

 

Шпанецот со оваа победа закажа класикер со Новак Ѓоковиќ и не очекува спектакл и пресметка на некогаш најголемите ривали во белиот спорт.

 

Рафа беспрекорно го одигра првиот сет, на противникот му дозволи само еден гем, што јасно отсликува како тој одигра. Но унгарскиот тенисер покажа нешто подобра игра во вториот сет, одсервира добро и резултатот дојде.

 

Во третиот сет Надал тешко му парираше на унгарскиот тенисер на моменти, но сепак успеваше да „преживее“ и на крајот да слави пласман во следното коло, каде го очекува дуел со Ѓоковиќ.

 

Последен пат Рафа и Новак се сретнаа во 2022 година, во четвртфиналето на Ролан Гарос, кога Надал славеше со 3:1 во сетови.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО