Челси има голем проблем, а новиот тренер има сериозен предизвик пред новата сезона

Фудбалскиот клуб Челси овој момент на платен список има цели 42 фудбалери и тоа е моментално најголемата грижа за спортскиот сектор.

Управата на Челси веќе продаде неколку фудбалери, а дефинитивно ќе мора да продава уште за да ги расчисти своите редови, а и да инкасира повеќе милиони на дел од играчите.

Челси ова лето ги продаде Иан Матсен (Вила), Луис Хол (Њукасл), Тијаго Силва (Флуминенсе), Омари Хачинсон (Ипсвич), Хаким Зијеш (Галатасарај) и Маланга Сара (Ленс).

А во клубот веќе се пристигнати шест нови имиња, така да ќе мора уште да испуштаат за да ослободат дел од парите на плати на играчите.

Пред новиот тренер Енцо Марсека е сега нов предизвик, да ги одвои потребните играчи од оние кои не се за Челси и од неговата селекција ќе зависи идната позиција на Челси во Премиерлигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО