Првиот човек на ИОК, Томас Бах, зборуваше за подготвеноста на Париз во врска со Олимписките игри (ОИ) 2024. Свеченото отворање на Игрите ќе се одржи в петок, 26 јули.
– Гледаме огромен ентузијазам за Игрите, не само во Париз, туку и низ цела Франција. Милиони луѓе го следеа олимпискиот факел. Постојат сите предуслови за успешни Игри. Сè е подготвено, сега напред Париз 2024 година!, рече Бах.