ФИФА ги крши сите закони, некои лиги веќе поднесоа тужба?

ФИФПРО Европа и Асоцијацијата на европски фудбалски лиги заеднички ќе поднесат жалба до Европската комисија против Светската фудбалска федерација (ФИФА) во врска со меѓународниот календар на натпревари.

Веќе неколку години, лигите и синдикатите на играчи постојано бараа од ФИФА да развие јасен, транспарентен и фер процес во однос на меѓународниот календар на натпревари.

Последното официјално барање беше испратено пред Конгресот и пред Советот на ФИФА во мај 2024 година. За жал, ФИФА постојано одбиваше да ги вклучи националните лиги и синдикатите на играчи во процесот на донесување одлуки.

Меѓународниот календар на натпревари сега стана неодржлив за националните лиги и е ризичен по здравјето на играчите.

Одлуките на ФИФА последниве години секогаш беа во корист на нејзините натпреварувања и на комерцијалните интереси, игнорирајќи ги нејзините одговорности како раководно тело и на штета на економските интереси на националните лиги и благосостојбата на играчите.

Националните лиги и синдикатите на играчи кои ги застапуваат интересите на сите клубови и на сите играчи на национално ниво, и ги регулираат работните односи преку колективно договорени решенија, не можат да ги прифатат овие глобални прописи кои се усвојуваат еднострано.

Правните активности сега се единствениот одговорен чекор за европските лиги и за синдикатите на играчи за да го заштитат фудбалскиот екосистем и неговата работна сила од едностраните одлуки на ФИФА.

Жалбата објаснува дека однесувањето на ФИФА го прекршува правото на ЕУ за конкуренција и претставува злоупотреба на доминацијата. ФИФА има двојна улога, како глобален фудбалски регулатор и како организатор на натпреварувања.

Тоа создава конфликт на интереси кој, во согласност со неодамнешната практика на судовите на ЕУ, бара од ФИФА да ги извршува своите регулаторни функции на начин кој е транспарентен, објективен, недискриминаторски и пропорционален.

Однесувањето на ФИФА во однос на меѓународниот календар на натпревари не е во согласност со овие барања.

Оваа жалба, која формално ќе биде поднесена од Асоцијацијата на европските лиги, Ла лига и од ФИФПРО Европа, ќе се одвива паралелно и ќе ги раздвои дејствијата што ги носат поединечните лиги и синдикатите на играчи на национално ниво.

Англискиот, францускиот и италијанскиот синдикат на играчи поднесоа тужба до Стопанскиот суд во Брисел во јуни годинава.

Асоцијацијата на европски лиги и ФИФПРО Европа веќе ја информираа Европската комисија за нивната одлука и со нетрпение очекуваат тесна соработка со Комисијата, со релевантните јавни институции и со фудбалските чинители во текот на истражниот процес.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО